Фенер победнички си замина од Пиреја, Олимпијакос има тежок пат до плеј-офот

Фенербахче

Фенербахче со победата на Пиреја го оддалечи Олимпијакос (71-76) од местата кои носат плеј-од доигрување во Евролигата.

Турскиот гигант не сака да ризикува ништо до крајот на сезоната, па секој натпревар го игра за да го потврди местото меѓу најдобрите осум. Вечерва во неизвесен дуел го надигра грчкиот гигант, кој одигра фантастично второ полувреме, кое не беше доволно за освојување на целиот плен.

Избраниците на Игор Кокошков покажаа зрелост и со одлична игра на двете страни обезбедија висока предност на паузата (27-43). Меѓутоа продолжението донесе спротивна слика, па разликата се намали и беше достижна за домашните кошаркари. Сепак на крај Де Коло со две слободни фрлања го одлучи прашањето на победникот.

Весели беше најдобар за гостите со 18 поени, а два помалку запиша Жан-Чарлс за домашната екипа.