Фенер од -17 до херојска победа на гости кај Монако

Кошаркарите на Фенербахче остварија голема победа на гостувањето кај Монако во рамки од 15. коло од Евролигата со резултат 92-86.

Ова е тежок удар за Монако, бидејќи во третата четвртина имаше водство од 17 поени и напад за евентуални +20. Сепак, сè некако се сврте во корист на гостите од Истанбул, кои на крилата на Хортон-Такер стигна до голем пресврт и значајна победа.

Хортон-Такер со 24 поени беше најпрецизен на паркетот, а кај победничкиот тим одличен беше и Кем Брч со 15 поени. Кај Монако, Џејмс имаше 20, а Диало 18 поени.

Двата тима сега имаат девет победи, а Фенербахче има пет порази, еден помалку од Монако, и одигра еден натпревар помалку во елитното натпреварување.