Фенер го врати турскиот репрезентативец Чандан од Бујукчекмече

Турскиот репрезентативец Беркај Чандан е најновото засилување на Фенербахче. Европскиот првак од пред три сезони го врати во Истанбул кошаркарот кој поникна во клубот од азискиот дел на Истанбул, но во последната сезона го носеше дресот на Бујукчекмече.

26-годишниот крилен центар беше праќан на позајмици во Анкара и Банвит, а играше и за Трабзонспор, Ушак Спортиф и Ескишехир. Минатата сезона бележеше 7,2 поени, 3,8 скока и 1,2 асистенции во шампионатот на Турција.

Претходно, Жељко Обрадовиќ ги доведе во Фенербахче Французите Де Коло и Вестерман и Американецот Вилијамс, а клубот го напуштија Гудуриќ и Мели.