• Зоран Мишевски
Европскиот кошаркарски првак Фенербахче објави дека двата домашни натпревари против израелски тимови во Евролигата оваа сезона ќе ги игра во Минхен од безбедносни причини.
Фенербахче ќе игра против Макаби Тел Авив на 11 ноември, а против Хапоел два дена подоцна.
Турскиот гиганти и минатата сезона го играше својот домашен натпревар против Макаби на неутрален терен.
Минатата сезона Фенербахче му беше домаќин на Макаби во Литванија.







