Фенер го донесе Вилбекин, Саторански од НБА во Барса, се чека и Весели

Европските кошаркарски гиганти Фенербахче и Барселона работат на ростерите за следната сезона и донесоа две звучни имиња.

Американскиот плејмејкер Скоти Вилбекин е нов член на Фенербахче. Со кошаркарот, клубот од Истанбул потпиша тригодишен договор. Доаѓа од Макаби Тел Авив, каде лани во просек во рамки на Евролигата даде 15 поени, со уште четири асистенции и три скока. Вилбекин ќе биде големо засилување за новиот тренер Димитрис Итудис.

Чешкиот кошаркар Томас Саторански си заминува од НБА лигата и се враќа во Европа. По шест години во најквалитетната лига во светот, Чехот ќе дојде во Барселона со која ќе потпише четиригодишен договор. 30-годишниот плејмејкер е слободен по разделбата со Вашингтон Визардс.

Заедно со Саторански, се очекува Барселона да ја засили и неговиот сонародник Јан Весели.