Фенер договори врвен центар за следната сезона

Според добро упатени извори, кошаркарскиот првак на Турција, Фенербахче завршил голема зделка за следната сезона. Станува збор за моќниот центар Микаел Јантунен, кошаркар кој оваа сезона настапува за Париз.

Финскиот репрезентативец потпишал договор на две години. Сезонава Јантунен беше солиден во тимот од Париз, со просек од 7,8 поени и 4,7 скока по натпревар, а на последните четири меча игра во фантастична форма со просек од 14 поени. Сплитер има голема доверба во него, бидејќи во просек игра околу 25 минути.

Инаку, неговиот Париз ќе игра во четвртфиналето на Евролигата баш против Фенербахче.