• Иван Димовски
Македонскиот првак МЗТ Скопје го доби првиот меч од финалната серија во битката за тронот против Пелистер во СЦ „Јане Сандански“. Ова беше првиот домашен натпревар за „штрковите“ по смртта на долгогодишниот работник во клубот Марјан Михајловски - Мац.
Поради тоа, навивачката група „Фемили Аеродром“ се мобилизира. Повозрасните членови на групата се вратија на трибините за да му оддадат чест и вечен спомен на починатиот пријател. Покрај тоа, беше организирана и фантастична кореографија. „Фемили“ подигнаа мрежа со ликот на Мац и со сини факели направија одлична атмосфера.
Чест на починатиот навивач му укажаа и навивачите кои допатуваа од Битола, популарните „Чкембари“.
<<< - ПОВРЗАНО - ФОТО: „Почивај во мир Мац“, голем гест на „Чкембари“ во Скопје!