Федерацијата оди на состанок со Милано за да го добие Димитријевиќ

Македонската кошаркарска репрезентација ги чека квалификациските натпревари за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2025 година, а ќе се води разговори за да се добие Ненад Димитријевиќ.

Плејмејкерот потпиша за Милано каде веднаш се наметна како лидер и ќе игра во Евролигата. Раководството на федерацијата ќе оди на состанок со италијанскиот клуб, за да го добие Нено барем на вториот меч со Литванија. Околу странците, прв избор е Итан Хап кој е дел од Валенсија и игра во Еврокупот.

„Во контакт сме со Димитријевиќ, планираме во овие 15 дена да одиме на состанок со раководсвото на Милано да ни го дадат Димитријевиќ тој ден, да го добиеме за вториот натпревар. Исто работиме и за Јакимовски да го добиеме од Универзитетот Аризона од САД. Ситуацијата со Шортс е иста како со Димитријевиќ. Сметаме на Итан Хап. Се надеваме на Димитријевиќ“, изјави спортскиот директор Марјан Србиновски.

Македонија ја чека двомеч со Литванија во ноември, а за време на првиот меѓусебен меч на гости, Милано ќе има меч со Макаби во Евролигата и тоа ќе биде главен проблем доколку Димитријевиќ отсуствува од првиот дуел.