Фановите може да здивнат, повредата на Вестбрук не е сериозна!

Најдобриот кошаркар на Оклахома Сити Тандер, Расел Вестбрук, се повреди на синоќешниот натпревар против Њу Орлеанс Пеликанс и ги загрижи фановите на својот клуб. Вестбрук во третата четвртина незгодно скокна на паркетот и ги искриви зглобот на левата нога, па мораше да му се укаже помош и предвреме го напушти теренот.

Првите информации од Оклахома се дека зглобот на Вестбрук е во добра состојба и дека повредата не е од сериозна природ. По ренгенските прегледи, Оклахома се огласи и рече дека зглобот не е скршен и Вестбрук наскоро се враќа на паркетот.

Според стручњаците паузата од кошаркарските терени се предвидува да биде меѓу две и три недели, па максимално Вестбрук може да пропушти шест-седум натпревари.