• Саше Љолес
Аргентинецот Факундо Кампацо е официјално избран за МВП на шпанската Ендеса лига. Плејмејкерот на Реал Мадрид доби вкупно 71 глас од играчите, тренерите и спортските новинари и за првпат во кариерата го добива престижното признание.
Кампацо беше во трка и за најкорисен играч во Евролигата, а оваа сезона е избран и за најдобар играч на турнирот во Купот на Кралот, но и во Суперкупот на Шпанија.
Просечно сезонава добиваше 16,4 индексни поени, а неговиот учинок изнесуваше 11,4 поени, 5,5 асистенции, 2,3 скока и 1,5 украдени топки по натпревар.