Факундо Кампацо продолжува во Црвена Звезда

Кампацо

Сагата околу иднината на Факундо Кампацо се ближи кон крајот. Аргентинскиот кошаркар веројатно ќе стави потпис со екипата на Црвена Звезда.

Српскиот шампион ќе ја добие битката со Реал Мадрид, кој не одлучи да ја израмни високата понуда од Белград. Во последен момент и Олимпијакос се обиде да го „украде“ искусниот плејмејкер, но немаше успешен обид да го убеди аргентинскиот организатор на игра.

По авантурата во НБА лигата, Кампацо се враќа на европско тло. Изнендувачки, кариерата ќе ја продолжи меѓу „црвено-белите“, кои најавуваат амбициозен проект за тековната сезона.