• Мартин Танасковски
Екипата на Панатинаикос го одбрани домашниот терен и со триумф над Партизан (96-84) остана меѓу најдобрите екипи по 20 одиграни кола во Евролигата.
„Детелинките“ ја продолжија традицијата и го оставија тимот на Жељко Обрадовиќ на една победа на гостувањата во оваа сала во Атина во поновата историја, онаа во 2022 година.
Партизан скапо го чинеше лошиот старт, во кој по првата четвртина му дозволи на Панатинаикос да води со 23-13. Оттогаш, црно-белите цело време бркаа негатива која претежно беше двоцифрена, а најблиску успеаја да дојдат на минус шест во третиот период.
Кендрик Нан имаше одлична партија со 25 поени, пред Осман со 18 поени, додека кај Партизан, Браун заврши со 23, а Дејвис уфрли 19 поени.
Панатинаикос има скор 13-7 во Евролигата и е на делба на второто место, додека Партизан со скор 9-11 останува надвор од зоната за плејоф.