• Саше Љолес
Актуелнуиот европски шампион, Олимпијакос, продолжува да го формира составот за новата сезона, а најново засилување е Мбаје Ендиаје, кој пристигнува од францускиот Асвел.
Грчкиот клуб официјално потврди дека со 27-годишниот сенегалски крилен центар е постигнат договор за две сезони.
Ендиаје во Асвел пристигна во 2023 година од АДА Блоа, а минатата сезона имаше солидна улога во Евролигата. На натпреварите од елитното европско натпреварување просечно постигнуваше 7,7 поени и 4,8 скокови, а придонесуваше и со 1,4 блокади, 1,2 асистенции и 1,2 украдени топки по натпревар.
За Ендиаје ова ќе биде нов чекор во кариерата, бидејќи ќе го облече дресот на актуелниот европски првак и ќе добие можност да се бори за највисоки трофеи.
Професионалната кариера ја започна во 2017 година во Бург, а потоа настапуваше и за АДА Блоа и Асвел.
