• Саше Љолес
Новиот европски шампион, Фенербахче, официјално ја продолжи соработката со Американецот Скот Вилбекин, кој останува во тимот уште најмалку една година, јавија турските медиуми.
Иако Вилбекин беше повреден скоро цела сезона, турскиот гигант реши да му понуди нова соработка со опција за продолжување на уште една година. Се шпекулираше дека Американецот ќе го напушти Истанбул, но управата реши да му даде нова шанса и го задржа во своите редови.
Вилбекин е во Фенербахче од 2022 година и е еден од клучните играчи во тимот. Воедно поседува и турски пасош, што е олеснителна околност за клубот кој не мора да го регистрира како странски играч.
ФОТО/PHOTO: Fenerbahce/Twitter/X