• Мартин Танасковски

Екипата на Панатинаикос демонстрира моќ и дома го победи Анадолу Ефес (104-89), резултат со кој го заврши двојното коло во Евролигата со две победи на две средби.
По тешкиот триумф со Фенербахче, на овој меч немаше неизвесности. Тимот на Атаман покажа константна игра и заслужено се радуваше на важниот триумф. Предводник на теренот беше Кендрик Нан со 36 поени, четири скока и две асистенции во 33 минути.
Втор стрелец на Панатинаикос беше Чеди Осман со 20 поени, додека кај Анадолу Ефес, Томпсон даде 14, а Бобуа заврши со 13 постигнати поени.
Победничката серија ја продолжи и Баерн Минхен кој на домашен терен беше подобар од Асвел (76-67) и така дојде до четвртата победа по ред во Евролигата. Обст даде 15 поени кај победникот, а Едвардс имаше 14, додека кај Асвел, Ли реализира 14 поени.