• Иван Димовски
По историската сезона во која Фенербахче ја освои тројната круна, доминирајќи и на домашната сцена и во Евролигата, турскиот гигант продолжува со засилувањата за нови предизвици. Најново име во редовите на клубот е американскиот кошаркар Брендон Бостон.
Станува збор за 23-годишен крилен играч со солидно НБА искуство, кој досега одигра 147 натпревари за Лос Анџелес Клиперс и Њу Орлеанс Пеликанс. Неговиот просек во најсилната лига во светот изнесува 7.5 поени, 2.2 скокови и 1.2 асистенции.
Во последната сезона настапуваше за Њу Орлеанс, каде имаше најдобро издание во кариерата со просек од 10.7 поени, 3.2 скокови и 2.2 асистенции.
Со ваков профил на играч, Фенербахче добива атлетски и талентиран кошаркар кој ќе донесе нова димензија во тимот на Шарас Јасикевичиус.
