Европски мега-трансфер: Де Коло се врати во Франција

Францускиот кошаркарски репрезентативец Нандо Де Коло направи европски мега-трансфер и се врати во татковината.

35-годишниот кошаркар кој е двоен европски шампион си замина од турски Фенербахче и повторно ќе игра дома. Де Коло потпиша договор со францускиот Асвел кој се подготвува за настап во новата сезона на Евролигата.

Де Коло и Асвел се договорија да соработуваат две години. Французинот ја почна кариерата во Шоле во 2006 година, а откако си замина од 2009 година играше само во странство.

Искусниот кошаркар ги мина екипите на Валенсија, Сан Антонио Спарс, Остин Торос, Торонто Репторс, ЦСКА Москва, Фенербахче.