Европски и светски шампион е новото засилување за израелската гордост

Макаби Тел Авив официјално го претстави Даниел Тајс како свое ново засилување. Искусниот германски центар потпиша двегодишен договор, а во Израел пристигнува од Монако.

34-годишниот Тајс зад себе има богато искуство во НБА и Евролигата, а со германската репрезентација беше и светски, но и европски шампион. 

Од Макаби истакнаа дека неговото доаѓање ќе донесе дополнителен квалитет, особено во одбраната, но и поголема разновидност во играта под кошевите.

Во текот на кариерата Тајс настапуваше за неколку НБА екипи, меѓу кои Бостон Селтикс, Чикаго Булс, Хјустон Рокетс, Индијана Пејсерс, Лос Анџелес Клиперс и Њу Орлеанс Пеликанс, пред во 2025 година да се врати во Европа и да го облече дресот на Монако.