• Мартин Танасковски

Генералното собрание на Акционерската асоцијација на Евролигата ги усвои сите клучни одлуки поврзани со сезоната 2026/27, меѓу кои и воведувањето на ново натпреварување – Суперкупот.
Новото натпреварување ќе го има своето премиерно издание во септември 2026 година и ќе претставува дополнување на календарот на европската клупска кошарка. Повеќе детали околу форматот и учесниците се очекува да бидат објавени во наредниот период.
Се шпекулира дека дел од Суперкупот на Евролигата ќе бидат Олимпијакос, Реал Мадрид, Фенербахче и Дубаи, а првото издание дека ќе биде во Абу Даби, ОАЕ.