Европскa „класикa“ во Мадрид, ЦСКА домаќин на сè подобриот Панатинаикос

Реал Мадрид Макаби

Нема одмор за тимовите кои играат во Евролига. Иако се државни, па и многу меѓународни шампионати на пауза поради ФИБА квалификациските прозорци, челниците на елитното натпреварување на Стариот континент не оставија простор во сезонскиот распоред за квалификациите. Така, оваа недела на програмата е 13. коло, а веќе в четврток се игра и евролигашкиот класик – Реал Мадрид ќе го пречека Макаби (20:45).

Тоа ќе биде шеесет и втор судир на шпанскиот и израелскиот великан во Евролигата, а „кралскиот“ клуб досега е поуспешен со 38 триумфи. Славеше против Гордоста на Израел во борбата за титулата во 1980 година, а потоа составот од Тел Авив му се одмазди во финалето 34 години подоцна.

Сите квоти на MOZZART за натпреварите од Евролигата >>>

Четата на Пабло Ласо е во сјајна серија, врза девет победи во двете натпреварувања, пет во Евролигата. Макаби, од друга страна, нанижа два неуспеси во најголемото континентално натпреварување, откако претрпе порази од Олимпијакос и Алба.

Мадриѓани и оваа сезона ги предводи горостасот од Зеленортските острови, Валтер Таварес, со просек од 12,6 поени, 7,1 скокови и 1,7 блокади по натпревар, а во шпанската престолнина одлично се покажа и новајлијата Гершон Јабусела (12,3 поени и 4,4 скока по натпревар). Од друга страна, главниот збор во Макаби и натаму го има Скоти Вилбекин со 14,8 поени по меч, а одлични се и Џејмс Нанели со 13,4, како и хрватскиот центар Анте Жижиќ со 12,8 поени. Се очекува сјаен дуел, а во „Визинк центар“ постои само еден фаворит.

Титаните на Евролигата ќе се судрат и во Москва, каде ЦСКА го дочекува сè подобриот Панатинаикос (18:00). Двата тима имаат разочарувачка сезона, но во последните настапи покажуваат дека четите на грчките стручњаци Димитрис Итудис и неговиот имењак Пртифтис полека гледаат светло во тунелот.

Армејците за викендот едвај го победија Баерн во својата сала, инспириран во последните моменти беше Вил Клејбурн. ПАО е во позиција целосно да направи пресврт во сезоната по големиот триумф во големото грчко дерби. Немања Недовиќ го сруши Олимпијакос среде Пиреја, а потоа пред „зелените“ оружјето го положи и Зенит. Одново српскиот кошаркар беше главна фигура на мечот, па ќе биде под рефлекторите и во главниот град на Русија.

Интересно би можело да биде и во Минхен, каде нè очекува судир на две атлетски сјајни екипи. Баерн го дочекува Асвел по серијата добри настапи во Евролигата (19:30). Четата на Андреа Тинкијери во минатото коло претрпе тесен пораз од ЦСКА, а претходно беше подобра од Фенербахче и Панатинаикос на домашен терен. Асвел од друга страна падна во лош ритам, пред сè поради бројните повреди, но минатата недела запиша важна победа – го сруши Монако во француското дерbи со тројката на Вилијам Хaуард од половина терен во последните секунди.

Дарум Хилијард (15,8 поени по натпревар) и Владимир Лучиќ (12 поени по натпревар) се главни aлки на баварската машинерија, а ќе удрат врз најдобриот бековски тандем во Евролигата – сјајниот Ели Окобоа (првиот стрелец на лигата со 18,9 поени по натпревар) и силниот Крис Џонс (14,3 поени по натпревар).

Копјата на првиот дел од 13. рунда ќе ги вкрстат и Жалгирис (2-10) и Басконија (4-8) во 19:00 часот, додека в четврток од 18.45 часот се среќаваат и Фенербахче (3-9) и Монако (5-7).