• Иван Димовски
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ја заврши регуларната сезона во НБА лигата како најдобар стрелец.
25-годишниот ас на Далас Маверикс регуларниот дел од сезоната го заврши со просек од 33,9 поени, што е негов личен рекорд. На второто место се пласира Јанис Адетокумбо кој бележеше просек од 30,4 поени, додека Шеј Гилџус Александар имаше 30,3 во просек.
Ова е првпат европски кошаркар да биде најдобар стрелец, а доминацијата е поголема ако се земе в предвид фактот дека на второто место е грчкиот центар Адетокумбо. Дончиќ беше близу да има просек од „трипл-дабл“ бидејќи имаше 9,8 асистенции и 9,2 скока по натпревар. Претходно такво нешто им успеало само на Оскар Робертсон и Расел Вестбрук.