Евролигата попушти пред налетот на Арапите, Дубаи добива место во елитата

Според информациите на кошаркарските медиуми, на состанокот на Евролигата едногласно е изгласано да се прифати клуб од Обединетите Арапски Емирати за настап во најваквалитетното континентално натпреварување. 

Се работи за клубот Дубаи, кој нема да влезе во Евролигата следната сезона, туку е прифатено учеството за во иднина. Делува дека и евролигашките челници попуштаат пред налетот на арапските милиони. 

Иако имаше „налет“ за клубови од Лондон и Париз да добијат место во Евролигата, сепак Дубаи успеа побргу да ја исполни својата мисија. Засега не е познато кога би можел клубот да се имплементира во лигата, меѓутоа и самата дозвола за во иднина е напредок.