Евролигата планира да има публика на завршниот турнир

Евролига

Завршниот турнир во Евролигата оваа сезона ќе се одржи во Келн од 28 до 30 мај. Најдоброто клупско натпреварување на стариот континент планира да дозволи навивачи на трибините за натпреварите кога ќе се одлучува новиот шампион.

Челниците на лигата се во постојан контакт со надлежните здравствени органи. Засега пораките се позитивни, но и натаму нема дефинитивна одлука.

„Се ближиме кон крајот на сезоната и работиме напорно за да дозволиме публика на натпреварите во Келн. Сепак првична цел ќе ни биде безбедноста на сите учесници и присутни во салата“, вели Жорди Бартомеу, првиот човек на Евролигата.

Титулата ја брани ЦСКА Москва која славеше во последното издание на турнирот, во сезоната 2018/19.