• Мартин Танасковски
Евролигата официјално ги објави учесниците во натпреварувањето за сезоната 2024/25!
На списокот се и двата белградски клуба, Црвена звезда и Партизан, како и Алба Берлин, Анадолу Ефес, Монако, Басконија, Милано, Барселона, Баерн Минхен, Фенербахче, Асвел, Макаби, Олимпијакос, Панатинаикос, Париз, Виртус Болоња, Жалгирис и Реал Мадрид.
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) June 17, 2024
Од ланските учесници, во елитата нема да ја гледаме Валенсија. Последната титула во Евролигата ја освои екипата на Панатинаикос со триумф над Реал Мадрид.