Евролигата најпосетена во историјата, Партизан и Звезда апсолутни рекордери

Натпреварите од тековната сезона во Евролигата се убедливо напосетени во историјата, беше објавено на сајтот на елитното натпреварување. 

Тимовите на стариот континент вкупно досега нагостиле 3.000.841 навивач, а тоа значи дека посетеноста се зголемила за дури 300.000 луѓе. Најголем дел од посетителите присуствувале во белградската „Арена“, каде Партизан е на врвот според бројот на навивачи, а втор на листата е нивниот најголем ривал, Црвена Звезда

Српските евролигаши уште еднаш ја потврдија страста за кошарката, а навивачите кај северниот сосед ги рушат рекордите со секој изминат натпревар. Во просек, бројката се зголемила за за скоро 15%, а оваа година секој меч во просек бил проследен од 10.383 навивачи.