Евролигата на маса има 75 милиони евра за три „фајнал-фор“ турнири во Абу Даби!

И додека се чека да се види дали клубот од Дубаи ќе игра во АБА лигата, и во Евролигата, или прво ќе се пресели од Еврокупот во преодната фаза. И додека се чека одлука за тоа дали ќе играат како домаќини во Белград и додека се чека да се види дали селекторот на Србија, Светислав Пешиќ ќе биде селектор на „новото чудо“ на кошаркарската мапа... од Шпанија доаѓаат нови шпекулации за богатите Арапи.

Најновиот абер од Пиринеите е дека богатите емири понудиле 75 милиони евра за три последователни „фајнал-фор“ турнири во Евролигата во Абу Даби (Етихад Арена).

Нешто слично со „фрлање пари“ правеше Катар со години пред СП 2022, сега на тој пат тргна и Саудиска Арабија, а во приказната преку кошарката треба да се приклучат и Обединетите Арапски Емирати.