Евролигата и Еврокупот ќе се доиграат, но можно е по нов систем

Евролигата и Еврокупот оваа сезона многу веројатно ќе го дочекаат својот крај, затоа што клубовите се договорија дека натпреварувањата треба да се доиграат кога ќе има можност сезоната да се продолжи.

На видео-конференцијата соопштено е дека желба на сите е сезоната да се заврши, а датумот многу веројатно ќе биде после месец мај. Можно е двете натпреваруања да се доиграат во нов систем, а приоритет е Евролигата..

Најквалитетното европско кошаркарско натпреварување ја чека втората фаза, а потоа следи Ф4-турнир. 

Од Евролигата апелираа сите учесници да бидат одговорни во борбата со коронавирусот. Здружението даде насоки сите играчи да се вратат во родните градови и да бидат во самоизолација.