• Саше Љолес
Раководството на АБА лигата одржа состанок со извршниот директор на Евролигата, Чус Буено, во седиштето на елитното натпреварување во Барселона.
На средбата се разговарало за можностите за понатамошно зајакнување на европската кошарка, како од спортски, така и од комерцијален аспект. Посебен акцент бил ставен на одржлив раст, подобрување на структурата на натпреварувањата и отворање нови можности за создавање вредност во кошаркарскиот систем.
Двете страни ја потврдиле својата подготвеност за отворен и конструктивен дијалог, со заедничка цел да се развие долгорочно стратешко партнерство и да се продлабочи соработката во иднина.
Состанокот претставува уште еден чекор кон потенцијални промени и развој на односите меѓу регионалната лига и Евролигата, кои имаат значајна улога во европската кошарка.
Меѓу останатото, било договорено заедничко следење и унапредување на овој спорт на стариот континент, а наскоро ќе бидат објавени и конкретните заеднички проекти кои ќе ги организираат управните одбори на двете натпреварувања.



