• Саше Љолес
Од следната сезона, поразените полуфиналисти во Евролигата нема да го играат натпреварот за третото место, одлучија челниците на елитното натпреварување.
Одлуката е донесена едногласно и со одобрение на сите клубови-сопственици, што значи дека на завршниот турнир следната година ќе гледаме вкупно три натпревари - две полуфиналиња и финале.
Оваа сезона во мечот за третото место се сретнаа грчките гиганти, Олимпијакос и Панатиниакос, а шампионската титула замина кај турскиот Фенербахче, кој е предводен од тренерот Шарунас Јасикевичиус.
Форматот со завршен турнир и меч за третото место беше воведен во сезоната 2002/2003.