Евролигата го објави идеалниот тим, втора година по ред предводник е Мајк Џејмс

Челните лица на кошаркарската Евролига ја објавија најдобрата петорка за изминатата сезона. Елитното натпреварување понуди многу возбуда и оваа година, сите се подготвуваат за завршниот турнир, а во идеалниот тим место заслужија петмина исклучително квалитетни играчи. 

Тука е секако одличниот Мајк Џејмс од Монако, (единствен што беше во најдобрата петорка и лани), а со него во тимот се уште Факундо Кампацо од Реал Мадрид, Кендрик Нан од Панатинаикос, Најџел Хејс-Дејвис од Фенербахче и Матијас Лесор од Панатинаикос. 

Во потесниот избор беа и неколкумина играчи кои минатите сезони беа „под радарот“, а тука најмногу се мисли на Коди Милер-Мекинтаер, Џеријан Грент и Џош Нибо. Сепак, најдобрата петорка е најмногу сочинета од кошаркари кои ќе учествуваат на фајнал-фор турнирот, а тука секако се очекува огромна битка за трофејот во престижното натпреварување. 

Завршниот турнир во Евролигата ќе се одигра во Берлин, за време на викендот помеѓу 24 и 26 мај, Четирите екипи кои ќе настапат во главниот град на Германија се Олимпијакос, Реал Мадрид, Панатинаикос и Фенербахче.