Евролигата го испрати на „ладење“ воинствениот плејмејкер на Реал Мадрид

Дисциплинската комисија на Евролигата одлучи да го суспендира плејмејкерот на Реал Мадрид, Факундо Кампацо, кој нема да може да настапи на следниот натпревар во елитното натпреварување. 

Одлуката доаѓа после инцидентот од првото коло, кога Аргентинецот се внесе во лицето на судиите и беше незадоволен од една нивна одлука, по што доби исклучувачка лична грешка. Иако се очекуваше да не настапи на мечот со Партизан, сепак Кампацо се појави на теренот, но не успеа целосно да ја избегне казната за која Реал вложи и две жалби. 

Ова автоматски значи дека Кампацо нема да настапи за „кралевите“ на натпреварот против Басконија, кој ќе се одигра на 15 октомври. По првите две кола во Евролигата, Реал Мадрид има една победа и еден пораз.