Евролигата ги одби милионите од Абу Даби, Белград остана единствен кандидат за Ф4

„Фајнл-форот“ на Евролигата за 2025 година речиси сигурно ќе се одржи во Белград. Генералното собрание на Евролигата веднаш ја одби понудата на Абу Даби, кој исто така беше кандидат, па Белград остана единствениот во моментов кој посакува да го организира завршниот турнир.

Челниците на Евролигата претходно се договорија домаќинството да ѝ го доделат на Србија, но спонзорите го посакуваа Абу Даби. Сепак, на секаде се знае каде е најдобрата атмосфера кога се во прашање кошаркарските натпревари, па исходот од гласањето беше речиси сигурен во корист на Белград.

Акционерите на Евролигата, поточно клубовите, од почетокот беа посветени финалето да се игра во Белград, но од Абу Даби беа понудени многу пари за организирање на следните три фајнал-фор турнири. Обединетите Арапски Емирати понудија дури 75 милиони евра за три години.

Сепак, преовладуваше ставот дека Евролигата, која слави 25 години, не треба да ја напушти Европа во 2025 година, па Абу Даби беше одбиен.