ВИДЕО: Евролигата ги објави кандидатите за МВП на регуларниот дел од сезоната

На десет кола пред крајот на регуларниот дел од сезоната во Евролигата, челниците на натпреварувањето ги објавија кандидатите за најкорисен играч пред плеј-офот. 

Листата на играчи кои ќе се борат за МВП признанието е составена од седум играчи, а интересно е дека истите доаѓаат од седумте најдобропласирани екипи. 

На листата се наоѓаат: Шејн Ларкин (Анадолу Ефес), Никола Дубљевиќ (Валенсија), Никола Миротиќ (Барселона), Ник Калатес (Панатинаикос), Мајк Џејмс (ЦСКА Москва), Ентони Рендолф (Реал Мадрид) и Скоти Вилбекин (Макаби Тел Авив). 

  • МВП кандидати на Евролигата 2019/20: 

Минатогодишното признание за најкорисен играч на регуларниот дел од сезоната му припадна на Јан Весели од Фенербахче, а оваа година најголеми шанси има Шејн Ларкин од Ефес.