Евролигашот Асвел ги декласира Војдан и Гравелин со 28 разлика

Кошаркарите на Гравелин не успеаја да направат изненадување на гостувањето во Вилербан.

И пред да почне мечот во „Астробал“ беше јасно дека евролигашот е голем фаворит. На крајот, домаќините и го потврдија статусот. Славеа убедлив триумф над екипата од Данкерк со резултат 96-68.

Војдан Стојановски не беше во почетната петорка на „морнарите“. Одигра 23 минути во кои реализираше шест поени со половична прецизност (3/6 за два поени). Освен тоа капитенот на нашиот национален тим имаше и четири асистенции.

Гравелин останува на две победи во осум одиграни мечеви, за 14-тото место на табелата во ЛНБ лигата на Франција.