Евролигашкото „класико“ за Реал Мадрид, Олимпијакос се одбрани од Партизан

Првото евролигашко Ел Класико оваа сезона меѓу екипите на Барселона и Реал Мадрид мина во доминација на гостите од шпанската престолнина, кои во Каталонија славеа со 101-92.

Кралскиот клуб од Мадрид имаше контрола на резултатот и убедлива предност. Барселона ја врати во игра добриот старт на последната четвртина во која на ривалот му дозволи да даде само четири поени во шест минути, но домашниот тим никако не можеше да го избегне поразот затоа што во еден момент губеше со 18 поени негатива. Лајлс имаше 27 поени кај Реал Мадрид, додека кај Барселона, Клајбурн даде 19 поени.

Грчки Олимпијакос со тешка мака го одбрани домашниот терен од Партизан, против кого славеше со 80-71. Тимот на Обрадовиќ имаше позитива во поголемиот дел од средбата, но потфрли во последните десет минути во кои црвено-белите беа подобри. На белграѓани не им помогна добрата партија на Вашингтон (20 поени) и Џонс (17 поени), прв стрелец кај Олимпијакос беше Вокап со 15 поени.

Олимпија Милано по невидена драма и продолженија славеше над Анадолу Ефес во Истанбул со резултат 97-93 (регуларен дел 73-73). „Манекените“ ја расипаа историската вечер на Пи-Џеј Доужер кој даде 34 поени. Кај Милано најистакнат беше Ледеј со 25, а го следеше Шилдс со 24 поени.

Жалгирис останува на врвот, затоа што пред својата публика славеше во дуелот со Валенсија со 86-77. Франциско мечот го заврши со 15 поени, додека кај шпанскиот тим, Монтеро и Прадиља имаа по 15 поени исто така.