Евролигашкото „Ел Класико“ во лош момент за Реал Мадрид

Поради новите одложувања по лошата епидемиолошка ситуација во некои клубови, евролигашкиот распоред во петок ќе има само три натпревари, но еден веднаш се истакнува – петтото коло го затвораат Барселона и Реал Мадрид во 27. европско „Ел Класико“.
Барса и покрај фактот дека ковид-19 влезе во соблекувалната и ги покоси, меѓу другите, Јасикевичиус и Миротиќ, сепак, успеа да остане во добар ритам и да забележи три победи, додека Реал Мадрид е во слободен пад. „Бланкосите“ на гостувањето во Блауграна нема да може да сметаат на Фабиен Козер, на кого му пристигна позитивен ПЦР тест по гостувањето кај Армани во Милано, додека Барселона веројатно нема да го има на располагање Миротиќ, можеби тренерот Шарас, а веројатно ни Алекс Абринес и Виктор Клавер. 

Квотите од натпреварот Барселона - Реал Мадрид 

Барселона затоа ќе мора да се ослони на тандемот Ник Калатес – Брендон Дејвис. Покрај тоа, во фокусот ќе биде сестраноста на Кори Хигинс, плус дефанзивниот квалитет на Адам Ханга, на кого ќе му припадне тешка задача затоа што ќе мора да ги сопре шутерите на Реал. Добра вест за каталонскиот клуб е враќањето на Кајл Кјурич, што носи и една напаѓачка опција повеќе. 

Бланкоси на стартот на новата сезона западнаа во проблеми со реализацијата, што апсолутно се коси со она на кое се навикнавме од овој тим во нормални околности. Поточно, тоа што нападот не може да ја покрие одбраната која дозволува дури 83 поени по натпревар. Противниците на Реал Мадрид погодуваат 43,8% од шутевите за три, што моментално е највисок процент во натпреварувањето, а покрај тоа ги испраќаат и на линијата за слободни фрлања 14,5 пати по натпревар. Она што се очекува Ник Калатес да го покаже на едната страна, тоа ќе биде Факундо Кампацо во дресот на кралскиот клуб. Искуството на Серхио Љуљ и Руди Фернандез ќе мора да исплива на површина ако „Бланкоси“ сакаат брејк за пресврт во оваа рана фаза од сезоната, додека голема предност би требало да биде Валтер Таварес за кого ретко кој има решение во одбраната. 

Интересно, ова ќе биде второ „Ел Класико“ во 2020 година, по она во Суперкупот пред месец и пол. Единствениот минатогодишен судир на овие екипи во Блауграна, Барселона го доби со дури 20 поени разлика (83-63). Меѓутоа, Реал многу често ѝ земаше мерка на Барселона во домашните и европските натпреварувања, иако во новонастанатите околности би било потребно чудо бидејќи Реал не остави добар впечаток на гостувањата кај Басконија и Армани минатата седмица. Затоа кецот би требало да биде прв избор, а веројатно и помал број на поени од дадената граница.

Квотите од останатите натпревари во Евролигата

 Ако го гледаме исклучливо скорот, средбата на Баерн и Олимпијакос е дерби на врвот на табелата. Тимот на Андреа Тринкери направи два одлични резултати со победи на гостувањата кај Макаби и Фенербахче во минатонеделната двојна програма. Мечот со „израелската гордост“ Баерн го контролираше цело време и водеше, ама тимот го прегази Фенербахче во второто полувреме и покрај негативата од 22 поени во раната фаза. Главен играч на Баварците е Владимир Лучиќ, кој го заслужи приматот на најкорисен играч за изминатата седмица. Затоа, германскиот клуб во одлично расположение го дочекува Олимпијакос кој исто така тргна добро. Гигантот од Пиреја влезе во добар ритам по триумфот во градското дерби во второто коло – прво Олимпија, потоа и Макаби со звукот на сирената и страшен меч на Арон Херисон од осум метри. Интересно, сите три победи на Олимпијакос досега беа со едноцифрена разлика, затоа треба да се прати хендикепот и така да се типува конечниот исход. Според нас, Баерн е благ фаворит затоа што, сепак, игра дома, иако Олимпијакос славеше во два од трите досегашни судири. 

Химки повторно ќе игра со крпен тим, овој пат против Макаби на свој терен. Гордоста на Израел е во резултатска криза и ретко кој очекуваше онаков пораз од Баерн. Јанис Сферопулос веќе бара потенцијални решенија за во рекетот каде најмногу „чкрипи“, се споменува и враќање на Амаре Стодемаер, но дотогаш Макаби има обврска да се вади со екипите кои коронавирусот сериозно ги покоси...