Евролигашки проблеми: Алба Берлин не сака да плати за „специјална покана“

Управата на Алба Берлин не сака да уплати еден милион евра на сметката на Евролигата, сума која е потребна за добивање на таканаречената „специјална покана“ или “вајлд-карта“. 

Голем дел од евролигашите веќе ја извршија трансакцијата, но Алба има проблем со уплатата на средствата, што може да значи дека германскиот тим ќе остане без учество во елитата. Од друга страна, пак, потврдено е учеството на клубот Париз од Франција, кој е актуелен шампион во Еврокупот. 

Српските гиганти, Партизан и Црвена Звезда, веќе ја уплатија сумата и тие сигурно се дел од Евролигата и следната сезона. Проблемот со Алба веројатно ќе биде наскоро решен, а конечниот епилог се очекува до крајот на следната недела.