• Зоран Мишевски
По денешните мајсторки во Монте Карло и Атина познати се сите учесници на завршниот турнир на Евролигата. За првпат по 21 година нема да има шпанска екипа на завршниот турнир, а Грција втора година по ред ќе има два претставници.
Првиот „фајнал-фор“ надвор од Европа ќе се одигра во Абуи Даби од 23 до 25 мај. По однапред одредениот костур грчките гиганти се избегнаа во полуфиналето.
Полуфинале:
Фенербахче - Панатинаикос
Олимпијакос - Монако
Полуфиналните натпревари се закажани за 23 мај, со почеток во 19:00 часот и 22:00 часот по локално време (16:00 и 19:00 часот по средноевропско време). Натпреварот за третото место и големото финале ќе се одиграат на 25 мај во 15:00 и 18:00 часот по средноевропско време.
Титулата од минатата година во Берлин ја брани Панатинаикос.