Евробаскетот во 2021 година во четири земји, главната фаза во Германија! 

Германија, Чешка, Грузија и Италија ќе бидат домаќини на следното Европско кошаркарско првенство кое на програмата е во 2021 година. 

Натпреварите од групната фаза ќе се играат во градовите Келн, Прага, Тбилиси и Милано, а елиминационите натпревари ќе се префрлат во главниот германски град Берлин. 

Европското првенство во 2021 година ќе се игра од 17 до 29 август, а титулата ја брани Словенија, освоена пред две години, откако во големото финале славеше над селекцијата на Србија. 

Денес во Минхен беше донесена одлука Европското кошаркарско првенство за жени во 2021 година да се одржи во земјите кои пред една седмица го сочинуваа финалето на последниот континентален собир во Белград - Франција и Шпанија.