ВИДЕО: Евробаскет атракција - Диао, добредојде на „постерот“ на Даниел Таис

Борис Диао

Најдобра потврда за одличната игра на Германија во победата над Франција (84-81) во осминафиналето од Евробаскетот е забивањето на Даниел Таис, кој беше немилосрден во дуелот со капитенот на „триколорите“, Борис Диао.

Шредер предводеше една контра на Германците, која започна со негова украдена топка, а заврши со асистенција до својот соиграч и спектакуларен „постер“ со дополнително слободно фрлање.

 

A post shared by FIBA (@fiba) on

Франција ќе игра во четвртфиналето, а таму ќе го чека подобриот од утрешниот дуел меѓу Турција и Шпанија.