Еве зошто Јокиќ е господин: Цела Србија вреска од радост, а тој... (ВИДЕО)

Србија дојде до бронзениот медал на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Франција со триумф над Германија, а по натпреварот камерите фатија интересен момент.

По крајот на натпреварот, Србите заслужено се собраа на едно место и почнаа да врескаат од радост и да слават. Но, тоа не беше случај со Никола Јокиќ. Најдобриот кошаркар на Србија прво ги посети Германците, па ги поздрави сите еден по еден, од тренери и стручен штаб, па се до играчи и им честита за играта, а потоа се приклучи на славјето.

Никола Јокиќ овој натпревар го заврши со „трипл-дабл“ и стана четвртиот играч на кого му успеало да дојде до ова достигнување на ЛОИ, по Саша Белов, Леброн Џејмс и Лука Дончиќ.