Еве што бара Оклахома Сити за трансферот на Вестбрук

Вестбрук Расел

Управата на Оклахома Сити ја изненади јавноста со одлуката да направи драстични промени ова лето. Најпрво се откажа од Пол Џорџ, а сега сака да се ослободи и од првата ѕвезда и човекот кој е најплатен во екипата, Расел Вестбрук.

Екипата на Мајами е најсериозен кандидат за неговиот потпис, а за тоа ќе мора да исполни неколку барања на Тандерси. Генералниот менаџер Сем Прести сака двајца кошаркари од следното трио - Бем Адебајо, Тајлер Еро и Џастис Винслоу плус дополнителни пикови на драфтот.

Многу работи ќе се променат доколку Вестбрук ја започне сезоната во Оклахома. Во тој случај, многу други екипи ќе влезат во трка за него во декември, бидејќи тогаш играчите потпишани ова лето ќе имаат можност да биде трајдувани.

Конкуренција за „жешките“ има од Детроит, кој очајно го посакува динамичниот плејмејкер до крајот на преодниот рок.