Еве колку ќе заработи Дончиќ во првата сезона како дел од Далас Маверикс

Лука Дончиќ Далас

Во НБА лигата, новите играчи добиваат плата според бројката на драфтот на која што се избрани. 

Тоа за Лука Дончиќ значи дека во првата сезона ќе заработи 4,65 милиони евра. Приходите во втората и третата сезона ќе бидат за нијанса повисоки и ќе изнесуваат 5,45, односно 5,71 милиони евра. 

Понатаму, во зависност од одлуката на екипата дали сака да ја продолжи соработката со кошаркарот, платата ќе се зголеми за 26% во четвртата и 31,2% во петтата година од договорот.

Младиот Словенец за неколку години ќе биде милионер, а кога ќе се одземат даночните давачки, тој на својата сметка ќе има нешто повеќе од десет милиони евра по три сезони во НБА лигата.