Еве кого Џордан не успеал да „скрши“, ветеранот веднаш покажал авторитет

Мајкл Џордан го искористи кризниот период без спорт и ја промовираше својата документарна серија која своја премиера има пролетва. Оттогаш, тој многу често е мета на критики и пофалби од поранешни или сегашни кошаркари и лица околу спортот. 

Тој во „Последниот танц“ покажа дека одел до екстреми за да го извлече максимумот од соиграчите, па дури се обидувал и со навреди и закани. Иако многумина „паѓале“ на провокациите од Џордан, постои и играч кој веднаш ставил крај на таквото однесување. 

Роберт Периш пристигна во Чикаго на 43 годишна возраст во 1996 година, со три шампионски прстени и девет „Ол стар“ настапи зад себе, во потрага по „јаготка на шлагот“ и последен трофеј. Ѕвездата на Булси веднаш се обидел да влијае врз ветеранот, но овој не потпаднал под влијанието. 

„Веднаш му кажав дека не го сакам како останатите и јас сум шампион. Џордан ми пријде и ми кажа: „Ќе те претепам“, но јас само му одговорив дека нема да го направи тоа и лесно се откажа од мене“, започна Периш. 

Искусниот центар направи паралела со Лери Бирд и Меџик Џонсон, кои беа ривали на Џордан, но исто така лидери на своите екипи. 

„Тоа што го разликува Бирд од Меџик и Мајкл е дека не е типичен лидер кој ти се внесува во лице. Тој ги почитуваше соиграчите и кога немаа добра вечер ги охрабруваше. Од друга страна, Меџик и Џордан би скокнале на тебе доколку не ти оди“, изјави Роберт. 

Џордан остави трага во НБА лигата и многумина го сметаат за најдобриот играч на сите времиња без конкуренција, сè до доаѓањето на Леброн Џејмс. Токму документарната серија одново ја „разгори“ дебатата на различни мислења и симпатии кон „Тим Џордан“ или „Тим Леброн“.