ВИДЕО: Еве како Дончиќ ја „размонтира“ литванската одбрана среде Каунас

Лука

Лука Дончиќ блесна на одлучувачкиот дуел против Литванија кој ја однесе Словенија на Летните Олимписки Игри за првпат во својата историја.

Плејмејкерот беше нерешлива енигма за противничката одбрана. Никој немаше решение за неговиот талент, кој му овозможи да запише „трипл-дабл“ од 31 поени, 13 асистенции и 11 скока.

Целосната доминација на Словенецот е пресликана во ова кратко видео од неговите најдобри потези:

Словенија на турнирот во Токио ќе се надигрува во група заедно со Аргентина, Шпанија и Јапонија.