• Горан Упале
Сезоната во НБА полека се ближи кон крајот. Останува уште малку до финалната пресметка за титулата, а во борбата за тоа во Западот остануваат Далас и Минесота, а на Истокот ќе се борат Бостон и Индијана. Сепак, нема најдобро платени играчи годинава во самата завршница од НБА лигата.
На листата на 15 најплатени НБА играчи во сезоната 2023/24, само еден има уште шанса да ја освои титулата, а тоа е францускиот репрезентативец Руди Гобер. Интересно, во Топ 15 го нема Лука Дончиќ, кој е убедливо најдобриот играч на Далас оваа сезона. Руди Гобер, е на 13. место по заработка со 41 милион долари годишно и моментално го чека големото финале со Далас против Минесота.
На првото место на листата на најплатени оваа сезона е Стеф Кари со заработка од 51.915.000 милиони долари. Голден Стејт го заврши натпреварувањето уште поодамна, како и Феникс, за кој игра Кевин Дурент, втор на листата со 47.649.000 долари. На третото место се Никола Јокиќ, Леброн и Ембид со нешто помала заработка од Дурент.
Листа на најплатени НБА кошаркари:
1. Стеф Кари (51.915.000)
2. Кевин Дурант (47.649.000)
3. Никола Јокиќ (47.607.000)
4. Леброн Џејмс (47.607.000)
5. Џоел Ембид (47.607.000)
6. Бредли Бил (46.741.000)
7. Каваи Ленард (45.640.000)
8. Пол Џорџ (45.640.000)
9. Јанис Адетокунбо (45.640.000)
10. Демјан Лилард (45.640.000)
11. Џими Балтер (45.183.000)
12. Клеј Томпсон (43.219.000)
13. Руди Гобер (41.000.000)
14. Фред Ванвлит (40.806.000)
15. Ентони Дејвис (40.600.000)