Еван Фурние наместо во Мадрид претставен во Пиреја

Францускиот кошаркар Еван Фурние е нов играч на Олимпијакос, соопшти атинскиот клуб. Тој потпиша двегодишен договор со гигантот од Пиреја и наскоро ќе пристигне во новата средина.

Минатата сезона Фурние играше за Детроит, каде во 29 натпревари во НБА лигата имаше просек од 7,2 поени и 1,6 асистенции. Последните дванаесет години Фурние ги мина во американската НБА лига, каде, покрај за Детроит, настапуваше и за Денвер, Бостон и Орландо.

Фурние одигра 704 натпревари во НБА лигата и имаше просек од 13,6 поени и 2,5 асистенции по натпревар.