Еуробаскет ждрепка: Србија доби најлесна група, бранителот на титулата против Германија...

Денес во Берлин беше извршена ждрепка за следното Европско кошаркарско првенство, кое во 2022 година ќе се игра во четири држави. 

Ждрепката за новиот континентален собир беше полудиригирана, а во секоја од четирите групи ќе учествуваат по шест селекции.

Група А (Тбилиси): Грузија, Турција, Шпанија, Русија, Белгија, Бугарија.

Група Б (Келн): Германија, Литванија, Франција, Словенија, Унгарија, БиХ.

Група Ц (Милано): Италија, Естонија, Грција, Хрватска, Украина, Велика Британија.

Група Д (Прага): Чешка, Полска, Србија, Финска, Израел, Холандија.

Евробаскетот ќе се одржи од 1 до 18 септември 2022 година во четири земји (Германија, Грузија, Италија и Чешка), а финалето на турнирот ќе се игра во Берлин.

Пред ждрепката, секој од домаќините имаше право да избере една селекција со која ќе биде во истата група, па Грузија ја одбра Турција, Германија се одлучи за Литванија, Италија за Естонија и Полска ќе игра противЧешка.

Четирите најдобри селекции од секоја група ќе се пласираат во осминафиналето на Европското првенство, а трофејот го брани селекцијата на Словенија.