Еуро Никел ќе биде вториот македонски тим во АБА-2 лигата

Екипата на Еуро Никел веќе почна да работи за следната сезона и веќе ги крои плановите, а меѓу нив е поставен и настапот во АБА-2 лигата.

Кавадарчани завршија на третото место на табелата во домашната сцена, зад финалистите МЗТ Скопје и Пелистер. Поради фактот дека аеродромци ќе играат во елитата, а битолчани ќе бидат во АБА-2, второто македонско место ќе го пополни третиот клуб.

Еуро Никел кој во новата сезона ќе биде предводен од тренерот Горан Самарџиев скоро и да ја комплетира документацијата за АБА-2, кавадарчани се подготвени за настап, се чека само на официјална потврда на челниците дека македонскиот суперлигаш ќе биде дел од второто по ранг регионално натпреварување.

Еуро Никел, кој и лани сакаше да игра во АБА-2 лигата, но не го доби местото, ќе биде петтиот македонски тим кој ќе игра во АБА-2 лигата, по МЗТ Скопје, Пелистер, АВ Охрид и Работнички.