Еуро Никел го закова МЗТ Уни Банка на дното во Првата лига

Екипата на Еуро Никел ја прокнижи четвртата победа во новата сезона од Првата лига и на гости во Аеродром славеше кај вториот тим на МЗТ Скопје (61-96) во најквалитетната маекдонска кошаркарска лига.

Фаворитот на хартија ниту еднаш не дојде во ситауција да стравува за победата, затоа што водеше од почетокот до самиот крај. Уште по првиот квартал се изгради двоцифрена разлика (16-27), која поискуисниот гостин од Кавадарци константно ја држеше под контрола.

Караколев со 17 поени беше најдобар кај победникот, а Марцет заврши со 15 поени, додека трето име беше Коцев со 14 поени. Кај МЗТ-2, Тодоровски имаше 18 поени, додека Исајловски беше вториот со двоцифрен учинок и 11 поени.

Еуро Никел има скор 4-1, исто колку и Работнички и МЗТ Скопје. МЗТ-2, пак, нема ниту една победа по пет кола и е на последното место.